SIV DOM MAK-РАП Форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

SIV DOM MAK-РАП Форум

Makedonski HIPHOP Portal
 
HomeHome  PortalPortal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Everything what u think its funny:)

Go down 
АвторПорака
Adrenalin666
moderator
Adrenalin666


Број на мислења : 172
Join date : 2008-05-22
Age : 36
Местолокација : Сонцето Светит Месечината Сјај, Те Сакам Ебамуја Знај..Ж`та кавадаречка-засекгоаш моја!!

Everything what u think its funny:) Empty
ПишувањеПредмет: Everything what u think its funny:)   Everything what u think its funny:) Icon_minitimeНед Сеп 07, 2008 8:23 am

Кругот

Директорот на компанијата и се јавува на секретарката и вели:
"Спремај се, една недела сме на службен пат во странство..."

Секретарката се враќа дома и го известува мажот:
"Драги морам да одам на службен пат со шефот, па околу една недела ќе треба да се грижиш за себе..."

Мажот и се јавува на швалерката:
"Жена ми е на пат една недела, па може тоа време да го минеме заедно..."

Секретарката го известува својот ученик на кого му дава часови по математика:
"Ќе бидам зафатена, имам многу работа и ќе правиме пауза една недела..."

Ученикот, целиот среќен се јавува на дедо му:
"Дедо, ќе бидам слободен цела недела и немаш часови бидејќи учителката ми е зафатена, ајде да одиме по риба"

Дедото (директорот на компанијата) повторно и се јавува на секретарката:
"Планот се менува, внук ми ме моли да одиме по риба. Ќе патуваме друг пат..."

Секретарката му се јавува на мажот:
"Драги, шефот е зафатен, па службениот пат е одложен..."

Мажот ја бара швалерката:
"Нема да може неделава, жена ми го одложи патот..."

Швалерката му се јавува на ученикот:
"Ќе продолжиме со часови како и претходно..."

Ученикот се јавува на дедо му:
"Дедо, учителката рече дека сепак ќе продолжиме со часови, нема да можам да ти правам друштво..."

Дедото ја вика секретарката:
"Не се секирај, сепак ќе патуваме неделава. Пакувај се..."






Предупредување за мажите што се редовни во супермаркети
Минатиот месец бев жртва на вешта измама додека бев на шопинг. Едноставно, купувањето намирници се претвори во доста трауматично искуство. Немојте да бидете наивни и да мислите дека ова нема да ви се случи вам или на вашите пријатели.

Еве како функционира измамата:

Две стварно згодни девојки ти се приближуваат до колата, додека ја товараш со кесите од супермаркетот. Двете почнуваат да ти ја бришат шофершајбната со крпа и прашак, додека нивните гради само што не испаднале од минијатурни маички. Не е возможно да не зјапаш.

Кога ќе им се заблагодариш и ќе им понудиш да им платиш, тие ќе те одбијат и наместо тоа ќе побараат од тебе да ги одвезеш до следниот супермаркет. Откако ќе се сложиш, двете седнуваат на задното седиште. По пат, почнуваат да се соблекуваат. Тогаш една од нив се прекачува напред на предното седиште и почнува да ползи по тебе, додека во исто време другата ти го краде новчаникот.



Мене ме ограбија во мај на 4-ти, 9-ти, 10-ти, два пати на 15-ти, 17-ти, 20-ти и 24-ти. Исто така во јуни на 1-ви, 4-ти, два пати на 8-ми, 16-ти, 23-ти, 24-ти, три пати минатата сабота и многу, многу веројатно повторно следниов викенд.



Па, кажете им на вашите пријатели да внимаваат.





п.с во супермаркетот новчаниците се по 150 денари.





Прашање: Колку жени во менопауза се потребни за да променат сијалица?

О: Една! САМО ЕДНА!!! И знаеш ЗОШТО? Бидејќи никој во куќава не знае КАКО да смени сијалица! Ма они не ни знаат дека сијалицата е ПРЕГОРЕНА!!! ОНИ би седеле во темница ТРИ ДЕНА пред да сфатат, и кога ќе разберат, нема да можат да ги најдат ебаните сијалици и покрај тоа што тие седат во ИСТ ШКАФ во последниве 17 ГОДИНИ! Ама ако по некое чудо ги најдат, 2 ДЕНА ПОДОЦНА, столицата која ја земаа од кујна за да стојат на нејзе, за да ја сменат ГЛУПАТА сијалица и ПОНАТАМУ ЌЕ БЕШЕ НА ИСТОТО МЕСТО!!! А ПОД НЕА ЌЕ СТОЕШЕ ОПАКОВКАТА ОД СИЈАЛИЦАТА!!! БИДЕЈЌИ НИКОЈ, НИКОГАШ, НЕ ГО ФРЛА ЃУБРЕТО!!! СЕ УШТЕ СЕ ЧУДАМ КАКО НЕ СЕ ЗАДУШИВМЕ ОД КУПИШТАВА ЃУБРЕ ШТО ГИ ИМА НИЗ ЦЕЛАВА КУЌА!!! ЌЕ ТРЕБА АРМИЈА ЗА ДА ГО ИСЧИСТИ МЕСТОВО! И НЕМОЈТЕ НИ ДА МЕ ТЕРАТЕ ДА ПОЧНАМ ОКОЛУ ТОА КОЈ ГИ МЕНУВА РОЛНИТЕ ТОАЛЕТ ХАРТИЈА!!!





Everything what u think its funny:) Mravkaoe0



The Best Story Ever:


Дилеми пред крај
Јас сум многу среќен човек. Со девојка ми (која е стварно одлична) излегуваме повеќе од една година и со тек на време одлучивме да се земеме. Меѓутоа, цело време имаше еден мал проблем кој ми сметаше - нејзината убава помала сестра.

Мојата идна балдска, која имаше 22 години, носеше тесни кратки сукњи и генерално многу многу не сакаше прслуци. Таа редовно се наведнуваше кога беше во моја близина и секогаш добивав повеќе од добар поглед. Ова мораше да биде намерно, бидејќи таа никогаш не се однесуваше така околу другите.

Еден ден, сестра и ми се јави и ме викна кај нив дома за да сме разгледале нешто околу поканите. Беше сама кога пристигнав и уште на влез ми шепна дека имала чувства за мене кои повеќе не можела да го сокрие. Ми рече дека сакал да ме има барем еднаш пред засекогаш да и се посветам на сестра и. Бев во тотален шок, не можев да кажам ниту збор.

"Одам горе во спалната, ако сакаш да имаш едно последно диво уживање, само дојди и земи ме," ми рече пред да си замине.

Стоев во шок додека ја гледав како се качува по скалите. Стоев таму за момент и потоа се свртев и по најкраткиот пат излетав низ влезната врата.

Ја отворив вратата и се залетав кон колата, кога таму целото мое идно семејство стоеше и ми аплаудираше.

Со солзи во очите, мојот иден дедо, ме гушна и рече "Многу сме среќни што го мина нашиот мал тест. И да сакавме не можевме да најдеме подобар маж за нашата ќерка. Добредојде во нашето семејство."



Поента?

Секогаш чувајте ги кондомите во автомобилот!



Everything what u think its funny:) Horoskopms9



10 причини зошто пивото е подобро од Исус
1. Никој нема да те убие за не пиење пиво.

2. Не мора да чекаш повеќе од 2.000 години за второ пиво.

3. Пивото никогаш не предизвикало војна.

4. Никој со сила не им го наметнува пивото на малолетници кои не сакаат да пијат.

5. Кога имаш пиво, не тропаш од врата на врата за да го споделиш со оние кои немаат.

6. Никој не бил запален на колец, обесен или мачен заради неговиот бренд на пиво.

7. Пивото нема да ти каже каков секс треба да имаш.

8. Законите им забрануваат на производителите на пиво да ве лажат.

9. Можеш да докажеш дека пивото постои.

10. Ако си го посветил својот живот на пивото, постојат групи кои можат да ти помогнат.





24 знаци дека, за жал, сте пораснале
1. Растенијата во вашиот стан се живи, но ниту едно од нив не може да се пуши.
2. Секс во кревет на катови не доаѓа во предвид.
3. Во фрижидерот имате повеќе храна отколку пиво.
4. Во 6 наутро станувате а не си легнувате.
5. Од 130 дена за одмор паднавте на само 14 дена.
6. Го гледате каналот за временска прогноза.
7. Вашите пријатели се венчаат и разведуваат, наместо да се фаќаат и раскинуваат.
8. Вашата омилена песна се пушта во лифтот.
9. Фармерки и џемпер, повеќе не се сметаат дека сте се дотерале.
10. Вие сте тие што се јавувате во полиција, бидејќи проклетите деца на комшиите не сакаат да ја стишат музиката.
11. Постарите роднини немаат проблем да ви кажуваат вицови со секс.
12. Повеќе не знаете во колку часот затвораат сендвичарниците.
13. На вашето куче му давате здрава храна, наместо остатоци од Мекдоналдс.
14. Спиењето на кауч ви предизвикува болки во грбот.
15. Повеќе не дремете од пладне до 6 часот сабајле.
16. Вечера и кино, повеќе не е почетокот на состанокот. Тоа е цел состанок.
17. Бурек во 3 саат сабајле, многу поверојатно ќе ви го вознемири стомакот отколку да го смири.
18. Одите во аптека по кафетин и аналгин а не по кондоми и тестови за бременост.
19. Шише вино од 80 денари повеќе не се важи како квалитетен пијалак.
20. Појадувате за време на појадок.
21. "Веќе не можам да пијам како порано," го заменува "Веќе нема да пијам толку многу."
22. 90% од времето што го минувате пред вашиот компјутер го трошите на вистинска работа.
23. За да заштедите, пиете дома пред да отидете во кафеана.
24. Безуспешно го прочитавте цел список само за да најдете еден знак кој нема да се однесува на вас.





Деца во бунило
На повеќе е збирка прашања околу сексот кои словенските, хрватските и босанските тинејџери (немајќи или не знаејќи каде на други место) ги поставувале во тамошните најпопуларни тинејџерски списанија од типот на ОК, Браво и сл. Меѓу нив прашања за тоа: Што се случи? Зошто ми расте стомакот? Како да ја извадам главата на Барби од мене?

- Забележав дека на рекламите за влошки секогаш има некоја сина течност, а мене секогаш ми тече црвено... Дали сум нормална?

- Имам 16 години, неодамна спиев со дечко ми и слушнав дека до 18 години хименот повторно израснува... колку време му треба?

- Гледав порнич, дали треба да го премотам кога ќе го враќам во видеотека?

- Мастурбирам со перницата... дали можам да останам трудна?

- Седев во ВЦ, дали сум трудна?

- Заедно се бањавме и тој сврши во водата, дали можам да останам трудна?

- Ми го стави прстот таму доле, дали се уште сум невина?

- Со дечко ми, имаме интимни односи веќе една година и постојано користам пилула. Пред еден месец на факултет се запознав со уште еден дечко, со кој исто така имам интимни односи. Моето прашање е дали треба да земам уште една пилула, една за дечко ми, една за колегата од факултет?

- Ве молам помогнете ми, под пенисот постојано имам нешто бело. Потпис - Сокол. Одговор: "СОКОЛЕ, ИЗМИЈ ГО!!!"

- Здраво, имам едно прашање за вас! Ме интересира дали тежината има некаква врска со менструацијата, сите на училиште ме зафркаваат заради мојата дебелина. Откако добив менструација почнав полово да се изживувам на играчки. Зошто? Дали сум нормална? Помогнете?

- Имав секс со дедо ми, дали сум нормална!

- Ако имам анален секс, дали се уште сум девица?

- Имам 15 години и планирам да почнам со интимни односи со мојот дечко, ама ужасно ми е страв да не останам трудна. Мислам, ако останам трудна би било трагедија бидејќи дечко ми е страшно сиромашен а мајка ми дневно ми дава по 10 куни за кафе и кога би собирала за абортус би ми требале 5 години а бременоста трае само 9 месеци, што да правам?

- Имам 12 години и се бацував со дечко ми. Потоа се "триевме" преку алишта... дали можам да останам трудна?

- Спијам со 2 дечковци. Дали додека спијам со првиот, тој би можел да сфати дека го мамам?

- Имам 13 години и сакам да им ја покажувам на дечките во ВЦ. Ама навистина ми е незгодно бидејќи таму доле имам голема бубуљица... како да ја средам бубуљуцата???

- Може ли гинекологот да сфати дека мастурбирам?

- Пријателката ми рече дека ако се истуширам после секс, нема да останам трудна. Дали е тоа вистина?

- Повеќе дечки на забавата ми рекоа дека ако земам бонбони (екстази) нема да затруднам, па им дозволив да завршат во мене. Сега сум трудна. Дали тоа значи дека ме лажеле или дека не сум земала доволно таблети?

- Се задоволував со молив, но толку се занесов што во еден момент пресилно ја турнав и малку крвавев? Дали тоа беше мојот прв секс?

- Слушнав дека девојките од 8-мо одделение го спомнуваат зборот петинг, па ме интересира што е тоа и дали може да се излечи?

- Имам редовен секс со дечкоми, без кондом. Забележав дека ми растат градите, стомакот ми се зголеми а менструацијата ми касни четири месеци. Дали тоа значи дека сум трудна?

- Спиев со братот на дечко ми, дали тоа се смета за мамење?

- Се самозадоволував со Барбика, по што на Барбиката и испадна главата и остана "внатре". Што да правам? Ве молам не ме праќајте на гинеколог.

- Имам 16 години и имам дечко со кого имам интимни односи. Проблемот е што тој сака, таму доле да ми става шишиња. Моето прашање е - дали дечко ми е алкохоличар?

- Секогаш кога се туширам, го вртам тушот накај мене и тоа стварно ми се допаѓа. Дали сум нормална?
Одговор: А како поинаку би можела да се тушираш?
Вратете се на почетокот Go down
http://www.prijateli.com.mk/u/PunkTheRock
Adrenalin666
moderator
Adrenalin666


Број на мислења : 172
Join date : 2008-05-22
Age : 36
Местолокација : Сонцето Светит Месечината Сјај, Те Сакам Ебамуја Знај..Ж`та кавадаречка-засекгоаш моја!!

Everything what u think its funny:) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Everything what u think its funny:)   Everything what u think its funny:) Icon_minitimeНед Јан 25, 2009 8:22 am

Ќе го крениме пак бе друже.. Wink сеа на годишен одмор се народов..
Вратете се на почетокот Go down
http://www.prijateli.com.mk/u/PunkTheRock
 
Everything what u think its funny:)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
SIV DOM MAK-РАП Форум :: РАЗНО :: Забавно-
Отиди до: