Улицата е нашата школа, таа не научи и ни создаде проблеми
Се плашам од тоа што следи, од тоа што зад мене демни
Многу добра правам, нема другари, од сите сум искористен
И така ми треба, зошто што и да се деси, јас пак сум наивен
Каде да се свртам, спомените болат а сликите се темни крвави
Дали животот е срање мислам или само така jaс се поставив
Сепак имам нешто, нештото за коешто ме гледаш тука уште
Пуштам Hits From The Bong и сум пуштен, опуштен
За да бидам надвор од овој свет, иако тоа кратко трае
Кога се враќам назад, повторно сум во истиот кафеез
И не верувам во бог, животот ме тера да мислам дека го нема
Останувам тука, и само во самиот себе имам верба
Нема назад, реков уште од кога почнавме со срањево
Имаш проблеми 300, нема врема да мислиш дали празен e мевот
Имав расправии, кавги, тепачки, некаде ме чекаат знам
Излегувам спремен за fight, а незнам дали пак ќе се вратам
Повеќе не живеам за никој, не сум истиот – се сменив
Имам сила да останам до крај, после сите срања и проблеми